• The Founder Games
  • Posts
  • ти нудиме отворен повик за соработка 🤝

ти нудиме отворен повик за соработка 🤝

од стартап за твојот стартап

Здраво здраво и среќен понеделеник ☕

Неделата ја стартуваме со можност за соработка помеѓу твојот стартап и Бреинстер, а за што станува збор дознај во овој мејл 👇

P.S. За тие што не беа дел од премиерата во средата во Нетавил, специјален гостин ни беше Јована Јовановска Кануркова која ја објасни програмата подетално, а сега еве ги деталите и во пишана форма за сите.

Сања, Игор Маџов и Јована Јовановска Кануркова на премиерата во Netaville.

За старт да се потсетиме дека и идејата за Бреинстер е започната како стартап со само тројца вработени и нивната успешна стартап приказна во прогрес сакаат да ја доживее баш и твојот стартап. Знаејќи ги од прва рака предизвиците и потребната поддршка, Бреинстер подготви програма за партнерство и тоа во 3 форми.

  1. Работа на реални проекти 💻

односно мрежата на Бреинстер со над 1000 студенти е подготвена да работи на твојата идеја низ активности како маркетинг, графички дизајн, веб-дизајн и frontend, продукт менаџмент, data science и software testing.

Значи

  • имаш можност за соработка со 50+ студенти за 1 проект и

  • избор од 20+ решенија за еден проект

за 0 (нула) трошоци (во било која валута) 🔥

Она што Бреинстер го очекува е можност за пракса или вработување на еден талент што е соодветен за твојот растечки тим.

Најдобрата вест е што специјално за The Founder Games заедницата во која ти си дел, Brainster отвори форма за супер брзо закажување на термин за состанок на 👉 овој линк 👈

*Имај во предвид дека иако е голем бројот на реални проекти, местата се пополнуваат многу брзо!

  1. Програма за вработување 💼

во случај кога немаш доволно време и треба да вработиш нов член во тимот, преку партнерство за вработување на Бреинстер, ќе добиеш препораки од таленти што одговараат на твоите потреби за помалку од 48 часа.

  1. Партнерство со Бреинстер НЕКСТ колеџот 🎓

односно првиот практичен ИТ колеџ во земјава полн со врвни таленти на почетокот на нивната кариера што се подготвени веднаш за работа и отворени за летна пракса.

Во текот на една година, одделот за партнерства на Бреинстер организира над 200 реални проекти и 100 хакатони, а преку оваа можност за соработка сака барем 10% да ги посвети на стартап заедницата.

Те охрабруваме да ја разгледаш оваа понуда и да избереш она што ти одговара најмногу на тебе, твојот стартап и тим, а за сите останати прашања, закажи состанок со Бреинстер по брза постапка.

IN CASE YOU MISSED IT 🍿

Се гледаме во четврток со регуларната содржина на The Hidden Intel 💎

Од тимот на The Founder Games 👾

Was this email forwarded to you? Sign up here.